Пет години затвор за управниот судија Мустафа Шахини ⬇️⬇️
Судијата од Управниот суд, Мустафа Шахини, е осуден на 5 години затвор. Кривичниот суд, по четири години судење, ја изрече пресудата.
„Според сите изведени материјални и вербални докази на обвинителството и одбраната, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот донесе пресуда со која обвинетиот М.Ш. го огласи за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години. Против оваа пресуда, странките имаат право на жалба до Апeлациониот суд Скопје“, објави Кривичен суд.

