Осум ученици и чувар загинаа во основно училиште во Белград откако 14-годишно момче пукало со огнено оружје. Шест ученици и еден наставник се тешко повредени, соопшти МВР на Србија.
Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело.
