На власта и недостигаат осум пратеници за да бидат изгласани Уставните измени. Ова денеска на брифинг за новинарите го кажа министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако предлог уставните измени во вторникот поминаа на Комисијата за уставни прашања и на 18 август треба да се најдат на пленарна седница пред пратениците од кои 80 треба да го притиснат зелeното копче – најпрвин за отворање на Уставот за измени, а потоа и за самите уставни измени. Османи со став како власта ќе ги обезбеди потребните гласови за се тоа да се случи.
„Мислам дека прво треба да чекаме сега оваа расправа која почна формално за содржината да почне да го дава својот ефект. Првиот ефект е дека нема јавен отпор по однос на содржината. Нема поплаки, нема некој страв од содржината на уставните измени, бидејќи луѓето се свесни. Пропаганда можете додека не ги прочитаат луѓето“, вели Бујар Османи, министер за надвореши работи.