Мелани: Канада цврсто верува дека иднината на С Македонија е во ЕУ
Канада цврсто верува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и можете да сметате на нашата поддршка. Ова е пораката која министерката за надворешни на Канада, Мелани Жоли, ја упати на денешната прес-конференција во Скопје со својот македонски колега Бујар Османи.
„За пристапниот пат кон Европската Унија би сакала да го препознам предизвикот што претстои пред вашата земја. Канада не е членка на ЕУ, но сме блиски пријатели како со ЕУ така и со Северна Македонија. Ние цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на нашата поддршка. Би сакала да ве охрабрам да ги продолжите вашите напори да пристапите кон Европската Унија“, рече Жоли.
„Северна Македонија е клучен партнер за Канада и со нетрпение очекувам да ги унапредуваме нашите цели. Северна Македонија е конструктивен партнер, а на домашно ниво земјите споделуваат клучно верување дека диверзитетот, различностите, културните различности се сила и можат да бидат придобивка за зајакнување на меѓусебните односи“, додаде Жоли./ALSAT

