Изет Меџити со ново политичко движење
„Денес ги поканив сите структури со кои го започнавме ова патување, да разговараме, да констатираме дека сме исклучени од ДУИ, да поднесеме оставка од сите позиции и оти повеќе не сме членови на ДУИ. Потоа со нив да го најдеме патот како ќе продолжиме натаму, секако ќе одиме кон формирање на ново демократско движење кое ќе го артикулира гласот на опозицијата, незадоволниот глас, незадоволниот гласач. Ја користам оваа можност да апелирам до сите независни интелектуалци, до сите оние кои се докажале во разни области во општеството, придонеле во општеството и до сите оние кои се во различни субјекти, а се незадоволни, дека во новото демократско движење вратата ќе им биде отворена“, рече Меџити.

