Сообраќајка на патот Подмолје-Струга
– Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Сканиа“ со приколка, со албански национални ознаки, управувано од страна на 39-годишниот О.П. од Република Албанија и патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот П.Д. од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило, Ц.Д.(43) и малолетник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.


