САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата

Веста за поддршката ја објави власта преку официјалната социјална мрежа:

Mинистерот Османи оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, на која се зборуваше за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што министерот Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4.276.000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

Министерот потенцираше дека со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *