Голем грабеж во Аеродром, карши Скопјанка
Во скопски Аеродром, карши Скопјанка се случува вистинска драма, пишува Фактор.мк.
На терен се 4 до 5 полициски возила, и тоа полициски сили на Интервентната полиција, со огромен број полицајци, сериозно вооружени и со панцири.
Според Фактор.мк се работи за голем грабеж во некој од објектите на таа локација. Грабежот го извршиле неколку напаѓачи кои биле вооружени, а биле маскирани и таму влегле со хируршки маски.


